Престани да веруваш дека ти си причината поради која тие заминале.
Престани да веруваш дека ти си причината поради која те изневериле.
Престани да веруваш дека си безвредна.
Престани да веруваш дека никој никогаш нема да те сака.
Престани да веруваш дека не смееш да плачеш.
Престани да веруваш дека не смееш да се чувствуваш повредено.
Престани да веруваш дека не смееш да чувствуваш срам.
Престани да веруваш дека тие ти го скршија срцето.
Престани да веруваш дека болката нема никогаш да замине.
Престани да веруваш дека кога тогаш ќе се вратат кај тебе.
Престани да веруваш дека ќе ти се извинат.
Престани да веруваш дека тие се вистинските.
Престани да веруваш дека не можеш да продолжиш понатаму.
Престани да веруваш дека нема да заздравиш.
Престани да веруваш дека твојата среќа зависи од друг.
Престани да веруваш дека не си вредна за нивната љубов.
Престани да веруваш дека бајките не постојат.
Престани да веруваш дека не си чуена, видена..
Престани да веруваш дека твоите соништа нема да станат реалност.
Престани да веруваш дека нема да можеш да бидеш среќна.
Престани да веруваш во лаги.
Престани да веруваш дека заслужуваш помалце.
Престани да веруваш дека си сама.
Едноставно престани.
Постои миг во животот кога едноставно мораш да почнеш да веруваш во нешто повеќе, во нешто поголемо кое ќе ти биде дадено. Светот е твој и постојат толку прекрасни нешта кои чекаат на тебе, да ги откриеш и да ги земеш. Оди и пронајди ги, и немој никогаш повторно да погледнеш назад.