Категории

Причини поради кои имате подочници

На лицето имате доказ за непреспиена ноќ? Без грижа, пронајдовме најдобро решение како да ги сокриете вашите подочници.

1.Имате коректор кој не ви одговара
Секогаш бирајте коректор кој е за нијанса или две посветол од вашата пудра која ја користите. Светлите нијанси ќе ви помогнат да го изедначите тенот на кожата и да го елиминирате црвенилото.

2.Генетика
Во поголемиот дел од случаите, темните кругови околу очите се наследни и не постои посебно магично решение за да ги отстране засекогаш. Не паничете! Одберете крема за подочњаци со кофеин и ролер кој лади и ја стимулира циркулацијата.

3.Погрешно нанесување на коректорот
За беспрекорен мазен финиш користете течен коректор и широка мека четка за добро да го втријате во кожата, а потоа и сунѓерче за да овозможите постојаност.

4.Грешки при шминкањето
Доколку нанесувате темни сенки тие умеат да допринесат темните подочњаци да бидат уште поизразени. Совет?
Коректор со портокалов пигмент прави баланс кога на капаците имате темна сенка.

Прегледи:
715
Објавено на:
09.02.2020