Категории

Пријателството е скапоцено – Тешко се гради, но лесно се уништува

Ни треба многу за да изградиме пријателство но малку е потребно за да го уништиме.

Кога човек ќе ги изгуби своите најблиски пријатели, тогаш станува вистински сиромашен. Како да останал без виталните делови од своето тело, како душата да му останала разделена. Само единствено тогаш сфаќа колку мал е во овој огромен свет.

А човек понекогаш толку ноншалатно ги сфаќа пријателствата. Несфесно ги иснечува конците фокусирајќи се само на слабостите на другите луѓе, бара во нив негативни намери, дозволува сомнежите и стравовите полека да го водат, и кога на крајот ќе ги изгуби сфаќа дека всушност дека доволен бил само еден миг да го сруши сето она кое го градел со години.

Оној кој не е подготвен да вложува подеднакво во односот со другите секогаш ќе биди оној кој губи, затоа што пријателството не е еднонасочна улица. Понекогаш е толку малку потребно за тие да станат поцврсти, еден повик, порака, насмевка, поддршка, прашање. Затоа што на крајот на денот, пријателите не се семејството кое го добиваме, туку семејството кое сами го бираме.

Прегледи:
583
Објавено на:
15.06.2020