Категории

Приказна која ќе ја паметите: Ангелот со најубаво име

Ова е најубавата приказна која досега сте ја прочитале

Си било еднаш едно дете кое се подготвувало да дојде на Свет. Еден ден тоа го прашало Бог:
„Господине, вие ми рековте дека утре ќе ме испратиш на Свет, а јас сум толку ситно и немоќно, како ќе живеам таму?“
„Ќе те дочека твојот ангел и ќе се грижи за тебе“, му одговорил Бог.
На тоа детето рекло: „Но, овде во Рајот не морам да правам ништо освен да пеам и да се смеам.“
Бог му одговорил: „Твојот ангел секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Ќе ја почувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќно.“
„Добро, но како ќе разберам кога ќе ми каже нешто, кога не го разбирам неговиот јазик“, прашало детето.
„Ангелот ќе ти кажува најубавите и најслатки зборови кои некогаш можеш да ги слушнеш и тоа со многу љубов и внимание, ќе те научи да зборуваш“, му рекол Бог.
„А што да правам кога ќе сакам да разговарам со тебе?“, прашало детето.
Бог му одговорил: „Твојот ангел ќе ги склопи твоите дланки и ќе те научи да се молиш.“
„Слушнав дека на Земјата има многу лоши луѓе. Кој ќе ме штити?“, загрижено прашало детето.
Бог се насмевнал и му рекол: „Твојот ангел секогаш ќе те штити, па и по цена на сопствениот живот.“
Детето погледнало во Бог и со тажен глас рекло: „Но јас сум толку тажно што нема повеќе да те видам.“
„Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат назад до мене, иако јас секогаш ќе бидам покрај тебе.“, утешно му рекол Бог.
Тогаш во Рајот настанала тишина и гласовите од Земјата допреле до него. Детето сфатило дека треба да го постави последното прашање:
„Господине, ако сега морам да заминам, кажи ми те молам како се вика мојот ангел?“
Бог се насмевнал и рекол: „Не е важно како се вика, ти ќе го нарекуваш МАМА..“

Прегледи:
1403
Објавено на:
16.12.2019