Категории

Приказната за човекот кој 40 години живее во дивината: Пие од извори, оди на лов и ништо не му недостига…

79-годишниот Педро Лука живее во пештера во северна Аргентина повеќе од 40 години, без струја и вода за пиење.

Кога ќе биде гладен, тој ја зема својата пушка и тргнува во лов, или три часа патува низ планина кон најблиската населба Сан Педро де Колалао. Потоците се неговиот главен извор за вода за пиење.

Тој не е сам, друштво му прават 11-те петли и двете кози кои што преку денот лутаат низ планината во потрага по храна, а навечер се враќаат барајќи засолниште од пумите и останатите грабливци. Петлите го будат секое утро во околу 3 часот после полноќ кога Педро го пали првиот оган и така започнува неговиот ден.

Тој стана вистинска легенда во Сан Педро де Колалао, а жителите во околните населби често му даваат храна и други работи неопходни за живот. Тој купува свеќи, квасец и пченка од својата пензија која изнесува од 100 до 200 долари и уредно ја подигнува секој месец на шалтерите на градската пошта.

Единствениот технолошки уред кој Педро го поседува е радио на батерии, но сепак тој има тешкотии во „фаќањето“ на станици, затоа што во шумата и пештерата, сигналот е премногу слаб.

Тој секој ден пешачи најмалку три часа, се качува низ стрмните карпи за да дојде до пештерата.

Никогаш не сум се запрашал зошто сум избрал да живеам тука. Има уште една пештера во близина, но оваа ми се допаѓа повеќе. Понекогаш помислувам на тоа колку би сакал да го прошетам светот и да ја видам Европа. Но, има многу море помеѓу двата континенти и потребно е доста време за да се помине толкав пат – вели Педро.

Тој само во една работа е сигурен – тоа е дека ништо не би менувал во својот живот.

https://www.youtube.com/watch?v=5S5QvrX3VIA

Прегледи:
451
Објавено на:
04.08.2016