Категории

Приказната за Рајот и Пеколот

Приказна со силна и длабока порака

Еднаш, на некој човек му се посреќило да го види Бог. Обидувајќи се да дознае се најважно, човекот го замолил: Боже, сакам да видам како изгледа Рајот и Пеколот.
Бог го земал човекот за рака и го одвел пред две врати.

Отворајќи ја едната врата, тие погледнале голема округла маса со голема чинија во средината. Чинијата била наполнета со храна која мирисала толку вкусно што човекот ја голтал со очите.

Околу седеле луѓе – се чини беспомошни, болни или умирале од глад. На раката на секој од нив била прицврстена лажица со долга дршка. Тие на тој начин можеле лесно да ја дофатат храната, но не можеле да ја донесат лажицата до устата, поради многу долгата дршка. Погледот на нивната насреќа бил грозен.

-Сега го виде Пеколот – рече Бог.

Тогаш пришле на пред другата врата.
Отворајќи ја, внатре имало иста голема округла маса, иста таква голема чинија наполнета со вкусна храна. Дури и луѓето имале исти такви лажици со долги дршки. Но сите изгледале сити и среќни.

-Не разбирам – рекол човекот.
-Тоа е едноставно – одговорил Бог.

Овие луѓе научиле да се хранат едни со други. Оние другите мислат само на себе. Рајот и Пеколот се исто, разликата е – во нас.

Прегледи:
1236
Објавено на:
27.02.2020