Принцот Хари изјави дека мора да се повлече од своите кралски должности за да се заштити себе си и семејството од „токсичната“ ситуација создадена од британскиот печат.
“Беше навистина тешка околина како што многу луѓе увидеа. Сите знаеме каков може да биде британскиот печат. И тоа ми го уништи менталното здравје. Сфатив дека е токсично”, рече војводата од Сасекс како гостин на Џејм Корден за телевизиската емисија.
Принцот Хари исто така рече дека тој „го направил она што секој сопруг (или) татко би го сторил“, пренесува Би-Би-Си.
Сепак, тој додаде дека никогаш нема да замине. „Јас секогаш ќе придонесувам. „Мојот живот е јавен сервис“, рече Хари.
Бакингемската палата минатата недела потврди дека принцот и неговата сопруга Меган нема да ги продолжат своите кралски должности. Двојката, која го чека своето второ дете, се пресели во Калифорнија со нивниот едногодишен син Арчи, откако минатиот јануари објавија план за оставка од позицијата постари членови на кралското семејство. Тогаш тие рекоа дека сакаат да работат за да станат финансиски независни, поради таа одлука, ќе мора да ги вратат своите почесни воени назначувања и кралски покровители.