Категории

Принцот не штедел: Еве што и’ подарил Хари на Меган Маркл за свадбата

Младенците пред венчавката си подаруваат вредни дарови

Светот сè уште зборува за кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл кои на 19 мај, во дворецот Виндзор, се заколнаа на вечна љубов. Поради огромниот медиумски притисок и фактот дека таткото на Меган не стигнал на венчавката за да ја одведе до олтарот, Хари сакала да и’ се искупи на својата љубов на посебен начин.

Според обичаите, младенците пред венчавката си подаруваат некаква ситница што ќе ги потсетува на најважниот ден во животот, а принцот Хари воопшто не штедел на својот подарок.

Имено, Меган добила скапоцена дијамантска бразлетна чија вредност се проценува на околу 20 илјади евра. Подарокот на Хари бил откриен на градинарската забава во Бакингамската палата по повод 70-тиот роденден на неговиот татко, принцот Чарлс.

Покрај дијамантските обетки во форма на роза и свршеничкиот прстен што принцот Хари лично го дизајнирал, војвотката од Сасекс на раката носела и скапоцена бразлетна со потпис на познатиот бренд за накит Картиер.

Со оглед на тоа што ова било првото појавување на кралскиот пар по венчавката, како и првиот пат кога Меган била видена со бразлетната, јавноста брзо заклучила дека станува збор за подарок од нејзиниот сакан принц.

Извор : Убавина&Здравје.мк

Прегледи:
370
Објавено на:
29.05.2018