Категории

Природни лекови за уморни очи

Стресот умее да остави трага на изгледот на нашите очи. Кога сме премногу уморни го оптеретуваме не само духот и телото, туку и очите. Неколку часовното седење пред компјутер исто така ги оптеретува очите а недостатокот на сон предизвикува отеченост и темни кругови. Во продолжение погледнете како со помош на продукти кои ги имате во домот можете да се ослободите од уморните очи.

Кругови краставици
Општо познато е дека краставиците се лек број 1 при натечените и уморни очи. Секое утро ставајте парчиња ладни краставици врз очите. Ладот ќе ги освежи и ќе ја смали нивната отеченост. Круговите краставица чувајте ги околу 20 минути.

Млеко
Мастите во млекото се познати по своите смирувачки својства. Млекото содржи протеини, аминокиселини, млечна киселина, витамини А и Д и многу други компоненти кои помагаат да се напали воспалението и отокот. Се препорачува да се користи ладно млеко. Натопете памук со млеко и оставете на очите да делува околу 15 минути.

Кесички чај
Танините во чајот прават чуда. Тие ја зацврстуваат и затегнуваат кожата околу очите. За третман со чај можете да го користите било кој чај, но најмногу се препорачува зелениот чај. Тој не се вари, само се потопува во ладна вода на неколку минути. После тоа од него се цели вишокот вода и се става на очите. Чувајте ги околу 10-15 минути.

Прегледи:
780
Објавено на:
31.12.2016