Категории

Природно избелување на заби: Неколку чекори до брилијантна бела насмевка!

Пробајте ги овие природни методи за избелување на забите, кои не чинат многу.

Избелувањето заби со години е популарно, сите ја посакуваат таа блескава холивудска насмевка. Наместо да потрошите многу пари, ве советуваме да ги испробате овие алтернативи за природно избелување на забите.

Јадете што е можно повеќе храна која придонесува до природно бели заби

Верувале или не, честото консумирање на одредени видови на храна може да ви помогне да ги избелите забите. Целерот, јаболката, крушите и морковот го чистат каменот од површината на забите и превентивно делуваат против неговото создавање, па затоа треба да ги јадете почесто.

Ако навистина не треба, не консумирајте работи кои само ја влошуваат ситуацијата

Се подразбира дека можете понекогаш да ги конзумирате, но доколку сакате бели заби, добро е да знаете што да избегнувате.

Цигарите, црвеното вино, кафето и чајот се само дел од многуте напаѓачи на брилијантна насмевка, би било добро да почнете да ги избегнувате.

Од време на време, исчистете ги забите со мешавина од сода бикарбона и свежо исцеден лимон.

Иако најчесто се користи во кујната, сода бикарбона може да ви послужи и како одличен сојузник во борбата за бели заби. Сè што треба да направите е да ги измиете забите со сода бикарбона, не повеќе од еднаш во три недели.

Измешајте ја содата со лимон додека да добиете густа смеса. Намачкајте ја четката со смесата и четкајте ги забите околу една минута. После тоа, исплакнете ги забите и уште еднаш четкајте ги со паста за заби.

Прегледи:
870
Објавено на:
26.07.2019