Во пресрет на модното шоу кое ќе биде одржано во Париз следниот месец, ангелите на Викторијас Сикрет во духот на празниците снимија специјален краток филм насловен како Vеry Privatе Affair. Седумте модели меѓу кои Eлса Хоск, Стела Максвел, Џасмин Тоукс, Тејлор Хил, Сара Сампајо, Роми Стриџд и Џозефин Скривер облечени во најновите парчиња долна облека на брендот создаваат новогодишна семејна идила и сето тоа украсено со многу новогодишни орнаменти.