Категории

Привлечните луѓе полесно раскинуваат

Тие можат да бираат затоа што атрактивноста им постила море од можности пред нозете, па потешко им е да се фокусираат на еден стален партнер

Лесно им е нив кога се убави, згодни, и во животот можат да постинат се на многу поедноставен начин. Колку пати сме ги чуле овие изговори или слични на нив а да не сме помислиле дали на привлечните луѓе понекогаш им е потешко отколку на „обичните“. Меѓитоа научниците ги интересираше баш тоа, па спроведоа истражување кое покажа дека на оние по посакуваните им е полесно да стават крај на врската отколку на оние останатите, исто така ним им е потешко да одржуваат една стална долга врска.

А зошто е тоа така?
Тие можат да бираат, затоа што атрактивноста им постила море од моности пред нозете, па потешко им е да се фокусираат на еден партнер.
Тие најчесто „меркаат од страна“ и имаат помала потреба да чуваат врска во која се наоѓаат. Исто така лепотаните помалце се бават со решавање на потешкотии во врската и често бегаат од проблемите.
Откриена е поврзаност помеѓу сексипилот и порастот на стапката на разводи – оние кои се физички атрактивни поголема е шансата да се разведат отколку оние кои не се.

Прегледи:
422
Објавено на:
21.09.2019