Категории

Пробајте го овој рецепт за највкусната чоколадна торта

Љубители сте на слатко, но сакате едноставни рецепти? Оваа Brownie торта е идеална за вас! 

Состојки:

100 грама путер

400 грама чоколада

4 јајца

140 грама шеќер

75 грама оштро брашно

75 грама лесно брашно

150 грама ореви

2 чаши засладен чај од камилица

За обликување: 100 грама чоколада истопете во растително масло

Подготовка:

Измешајте ги јајцата и шеќерот, додадете брашно и мешајте се заедно. Путерот и чоколадата растопете ги на пареа, а потоа додајте ги во мешавината на јајца, шеќер и брашно, промешајте и додадете ореви и малку рум (ако сакате), па мешајте додека не се соедини. Калапот за торта премачкајте го со путер и посипете со брашно. Ставете ја мешавината за торта во претходно загреана рерна, 20 минути на 190 степени. Кога ќе се излади, прелијте ја со ладен чај од камилица и прелив од чоколада. Послужете со шлаг и уживајте.

Прегледи:
666
Објавено на:
27.03.2018