Категории

Прочистете го стомакот: 5 вежби кои го исфрлаат отровот од вашите црева!

Ако имате проблем со редовното празнење на цревата, овие вежби ќе ви помогнат..

Ако страдате од бавен метаболизам и масти кои се собираат околу стомакот, еве што можете да направите:

  • Не се прејадувајте
  • Исфрлете ја масната и слатката храна
  • Јадете повеќе овошје и зеленчук
  • Никогаш не јадете после 18 часот
  • Јадете 4 до 5 пати во текот на денот
  • Јадете кефир, зрнеста храна и ореви

Пијте многу вода.

За да имате затегнат стомак ви ги предлагаме овие 5 вежби кои помагаат во согорувањето маснотии и за исфрлување на токсините од телото:

1. Вакум вежби
Легнете на подот и свиткајте ги нозете така што вашите потпетици да бидат на подот во близина на задникот. Опуштете ги мускулите и полека издишете за да не остане воздух во вашите бели дробови. Не дишете 10 до 15 секунди, а потоа малку вдишете и затегнете го стомакот. Потоа повторно вдишете и затегнете ги мускулите на стомакот. Останете во таа позиција 10 до 15 секунди.

Издишете, опуштете се и неколку пати кратко вдишете. Потоа повлечете го стомакот колку што можете без да вдишите и издржете така 10 до 15 секунди.

2. Штица
Спортските тренери ја препорачуваат оваа вежба. Покрај стомакот, оваа вежба затегнува и многу други мускули. Заземете позиција за склекови и останете во неа онолку колку што можете повеќе.

3. Велосипед
Легнете на грб, поставете ги рацете над главата, кренете го малку телото и со нозете „возете велосипед“ во воздух. Оваа вежба треба да се повтори 20 пати.

4. Стомачни со подигнување на нозете
Легнете на грб, поставете ги рацете близу до телото и подигнете ги нозете кон таванот. Потоа повторно спуштете ги на подот и повторно кон таванот. Повторете го ова 20 пати.

5. Извртување – спојување
Легнете на подот, испружете ги рацете право над главата. Обидете се истовремено да ги споите рацете и нозете, без да ги свиткате колената. Оваа вежба направете ја 20 пати.

Прегледи:
659
Објавено на:
11.10.2019