Работодавците повеќе не кријат дека освен работната биографија и мотивациското писмо, кај кандидатите го разгледуваат и нивниот Facebook профил.
Па така, на пример, мажите чиишто слики се оценети како поатрактивни, добиле за дури 40 отсто повеќе понуди за вработување.
На трнливиот пат до работното место, постојат голем број на скриени препреки, но една од нив може лесно да ја прескокнете. Се работи за фотографијата на вашиот Facebook профил.
Истражувачите испратиле 2.000 лажни пријави за работа, покрај кои ставиле и линк до лажни профили на друштвената мрежа Facebook. Претходно пак, волонтери ги оценувале фотографиите на мажите според нивната атрактивност.
При испраќањето на пријавите, се водело сметка за биографиите на кандидатите да бидат идентични во поглед на образованието и способностите, а единствената разлика се однесувала на атрактивноста на Facebook профилот.
Заклучокот дури и ги надминал очекувањата на научниците, бидејќи мажите чиишто слики биле оценети како поатрактивни, добиле за дури 40 отсто повеќе понуди за интервју за работа. Ефектот е посебно потенциран ако во комисијата има и жена, и кога се работи за професии за коишто е потребно високо образование.
Најдобро поминале фотографиите на коишто кандидатот е насмеан, а во позадина се гледало небото, додека најлошо биле оценети фотографиите на коишто мажите седат на клупа во паркот, со прекрстени раце и не сосема позитивен израз на лицето.