Оваа програма за здрава исхрана се состои во практикување на многу свежи продукти кои одамна ги запоставивме. Се посветува внимание на правилно комбинирање на продуктите и конзумирање на течностите.
Секое утро за доручек на гладен стомак треба да се испие чаша цеден портокал или органско соја млеко, да се изедат 1-2 јаболка, 5 суви смокви или 10-15 зрна аронија. Исто така до ручекот да се испие најмалку 2 литри негазирана вода.
1 ден
Првиот ден е ден за свежа исхрана. Во овој ден се конзумира разновидно овошје во текот на утрото, а во попладневните часови се конзумираат 1-2 ѓевречиња со маслинки, свежи салати, супа од зеленчук, а во меѓувреме се пие многу вода, цедени сокови и чаеви. Доколку почувствувате глад во текот на вечерата може да конзумирате печена тиква, варена пченка и пуканки но без сол.
2 ден
Овој ден за ручек се приготвува риба во комбинација со свежа салата. На крајот од ручекот се конзумира зеленчукова супа. За вечера да се земе половина од количината која е изедена за ручек со свежа салата, или пак ако гладта не ви е толку голема може да вечерате само свежа салата.
3 ден
Во третиот ден ручекот се состои од мешунки што ќе треба да ги приготвите по ваш избор (боранија, грашак, леќа, грав) во комбинација со печурки и многу свежа салата. Вечерата е иста како во предходниот ден,половина од количината која е изедена за ручек со свежа салата или пак само свежа салата со бистра супа.
4 ден
Во четвртиот ден за ручек имате избор од интегрален ориз, полнети тиквици или компир со печурки печен во рерна со што можете да додадете и зачин (ким, сусам, кари) и секако во комбинација со свежа салата. Вечерата се состои од порција супа и свежа салата.
5 ден
Овој ручек потребно е да јадете свежа салата во големи количини заедно со палента, кус-кус, кои моќе да се приготват со печурки, маслинки или органски кечап. Вечерата е половина од количината која е изедена за ручек во комбинација со свежа салата и супа.
6 ден
За овој ден е предвиден приготвен зеленчук по ваш избор (блитва, брокула, карфиол) со
риба и печурки кои лесно варираат во комбинација со свежа салата. Вечерата се состои од половина од количината која е изедена за ручек со супа или свежа салата.
7 ден
Овој ден ќе треба да приготвите спанаќ со интегрален ориз, печурки (по ваша желба) и секако свежа салата. Вечерата е повторно иста како во предходниот ден.
Совети:
- Вечерата конзумирајте ја најкасно до 21 часот
- Во салатите и готвењето користете маслиново масло
- Овошје не конзумирајте по ручекот
- За време на јадење и 2 часа по јадењето не се пие вода
- Во текот на доручекот правете разновидни сокови (портокал, цвекло, морков, јаболка, ананас и сл. )