Категории

Пролетната колекција на Givenchy изобилува со моќ и женственост

Креативниот директор Riccardo Tisci ја претстави новата haute couture колекција за топлата сезона на модната куќа Givenchy.
Riccardo својата нова модна визија ја концентрира исклучиво на тоалетите, поигрувајќи се со материјалите и деталите, иновативните конструкциски решенија кои уште од прв поглед даваат до знаење дека секоја креација е подантно исполирана до последен детал.
Чипка, перја, транспарентни материјали, волуменозни силуети, светки, мрежа, реси и сето тоа заедно ги сочинува творбите на модната уметност по која е препознатлива модната куќа. Особено вниманието го привлекуваат црните тоалети кои изгледаат романтично но во исто време моќно и женствено што е веќе јасно дека оваа колекција со потписот на Givenchy го загарантира својот пат на црвениот тепих.

Прегледи:
231
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
28.01.2017