Категории

Промени ги мислите – ќе го промениш и животот

„Промени ги своите мисли и твојот живот ќе се промени“

Ова е една од најдобрите мудрости некогаш изречени.

Движењето започнато при крајот на 19-от век во Америка кое денес се нарекува Движење На Новите Мисли (New Thought Movement), го следеле голем број млади американци кои се обидувале на различни начини да го достигнат успехот во нивниот живот. Некои барале злато и освојувале диви регии, а други преку слободата на верските здруженија трагале по нешто вечно.
Американските трансцеденталисти, како Тореу и Емерсон биле припадници на новите мисли. Некои од мислењата кон кои тие се воделе биле:

Врховна интелигенција или Бог е сеприсутен
Духот е конечната реалност
Божествената мисла не води кон добрината
Сите болести имаат извор во мислите
Исправното мислење има исцелувачко задоволство

ВО почетокот на 20-от век, Вилијам Валкер Аткинсон го создал изразот Закон на Привлекувањето кој дури сега после еден век, стана оптоприфатен како темел на законите за тоа како светот функционира.

Го имаме умот како врховен алат зза контрола на нашите мисли и интелигенција која го контролира умот. Таткото на модерната западна филозофија, Рене Декарт рекол: „Мислам, значи постојам“ – нагласувајќи ја единственоста на секое човечко суштество преку мислите кои не создаваат.
Уште една од познатите мисли која ни кажува дека животот е создаден 10% од тоа што ни се случува и 90% од тоа како ние реагираме на тоа Секоја реакција е последица на мислите кои сме ги создале и штета е кога свесно го уништуваме сопствениот живот. Се што не следи во животот, од неуспешните врски и пропаднатите диети, само е последица на нашите мисли.

Ние сме заробеници на сопствените мисли. Ги ослободуваме свесно со мала помош на душата и пријателите.

Прегледи:
706
Објавено на:
01.12.2019