Нов, храбар и емотивен роман на нашата позната авторка. По „Белешките на Лајла Грејс“ и „Карма“, книгата „Асистола“ отвора ново поглавје во творечкиот свет на Марија Јаневска.
Ве каниме заедно да го слушнеме незапирливото отчукување на срцевиот ритам низ книжевноста! Промоцијата на овој нов, возбудлив роман ќе се одржи во петок, 25 септември, во книжарницата ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот. Промотор на книгата ќе биде Коста Петров.
За книгата:
,,Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад.
Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината?
По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството… и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт.
Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно…”

За промоцијата дознаваме и од нејзината објава на социјалните медиуми каде таа напиша:
,,Почитувани пријатели,
Како што знаете минатата недела почина мојот братучед Филип и промоцијата ми беше најмалку битна. По долго размислување, познавајќи го и знаејќи колку многу му се допаѓаше книгата, решив да ја посветам нему. Промоцијата ќе биде овој петок (25ти септември) во 19 часот, ГТЦ први кат пред книжарница ТРИ.
Ве чекам”