Најголемиот интернетпребарувач Гугл отсега може да ви помогне во пронаоѓањето на загубениот или украдениот мобилен телефон.
Имено, оваа компанија имплементира уште еден начин преку кој корисниците можат да ги најдат своите загубени телефони, а новата алатка функционира само за уредите што користат андроид или ајфон.
Уште минатата година, Гугл ги додаде алатките „андроид дивајс менаџер“ што ви овозможуваат лоцирање на уредот, бришење на податоците, како и целосно заклучување на телефонот.
Исто така, корисниците можеа да го лоцираат својот мобилен телефон со едноставно отчукување на реченицата „пронајди го мојот телефон“ во полето за пребарување. А сега, благодарение на најновата верзија, корисниците можат да пристапат кон истата алатка преку нивниот профил на Гугл.