Категории

Пронајди некој со кој ќе го сочуваш својот мир

Мирот е најважен, кога нема мир нема ниту радост ниту среќа, животот е само празнина која бескрајно ја голта твојата душа. 

Човек не може да биде секогаш сам. Предизвиците се премногу тешки. Да имаш некој покрај себе е прекрасно нешто. Некој со кого ќе ги цениш оние мали нешта и ќе чувствуваш како твојата душа расте. Некој покрај кого во тешките мигови кога твојот свет се распаѓа ќе откриеш дека тоа се всушност мигови на преродба кога нештата почнуваат да доѓаат на свое место.

Пронајди некој со кого ќе го сочуваш својот мир. Некој кој ќе ти ги покаже небото и ѕвездите, некој кого нема да те влече назад и покрај кого нема да бидеш принуден да се приспособуваш себеси спрема неговите мерки и замисли. Некој кој секоја твоја рана ќе ја претвори во бисер.

Не е секогаш лесно да се пронајде таквата личност. Човек некогаш премногу брза и се приврзува за некој кој воопшто не е како сликата преку која се прикажува. Понекогаш човек прави нешта од инает, од очај, чекори по чудни патишта и упорно се држи за некој кој сака да замине, некој кој не е наменет да биде покрај него.

Научи со кого треба да го чуваш својот мир и кој е вистински вреден да го дели со тебе. Мирот е најважен, кога нема мир нема нити радост нити среќа, животот е само празнина која бескрајно ја голта твојата душа.
Мирот е најдрагоценото нешто кое можеш да го поседуваш во животот, секогаш дели го со некој кој знае да ја слуша твојата душа.

Прегледи:
585
Објавено на:
12.04.2020