Категории

ПРОШТЕВАЈТЕ: Денеска е големиот христијански празник Велики поклади или Прочка

Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш. Денеска и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот.

Денеска е големиот христијански празник Велики поклади или Прочка, празник на проштевањето и очистувањето од гревовите. Ден кога луѓето си проштеваат едни на други за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна со што подготвено ги почнуваат Велигденските пости.\ Според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми”, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога”. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

1 2

Прегледи:
3024
Објавено на:
13.03.2016