Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 02 – 08 АПРИЛ, 2018)

 

Лав

Лав

Неделата започнете ја дружејќи се со пријателите и разговарјќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание.

Девица

Девица

Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.

Вага

Вага

Креативноста и иновативноста искористете ја за нешто ново.Покажете го талентот за пишување и можеби тоа е она што ќе ве исполни. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите кои ги имате на работа, оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома, бидејќи така не само вие, туку  и сите околу вас ќе бидат нервозни.

Шкорпија

Шкорпија

Старите пријатели со кои сте загубиле контакт, ќе сакаат средба со вас оваа недела и ќе ви се извинат за грешките во минатото. Ќе се чувствувате малку осамено, но не поради вашата околина, туку поради вашата психичка состојба. Наместо да седите дома и да тагувате, излезете и запознајте нови луѓе. Можно е да започнете врска на далечина, но и сами сте свесни дека таа не секогаш успева.

 

1 2 3

Прегледи:
888
Ознаки:
· ·
Објавено на:
01.04.2018