Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (08 – 14 ОКТОМВРИ)

Стрелец

Стрелец

 

 

 

 

 

 

Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толеранција, дипломатија и трпение. Токму од тие особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Ако сакате да бидете задоволни дозволете и на другата страна и таа нешто да води. Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот умор, вие полесно ќе работите.

Среќен ден: Четврток

Јарец

Јарец

 

 

 

 

 

 

Вашата хедонистичка природа ќе стане малку поскромна, а вие на некој начин обични. Барем кога се работи за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракциите, ќе успеете да уживате во мали, обични ситуации. Тоа е зрелост, било на парот, било на личноста како единка. На дневен ред доаѓаат недовршени работи од минатото. Некои од нив во вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги одработувате со носталгија или со лутина.

Среќен ден: Вторник

Водолија

Водолија

 

 

 

 

 

 

Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои сè уште бараат сродна душа така би можеле да наидат на љубов, додека оние во врска секој ден сè повеќе ќе откриваат колку се убави и добри малите работи. Сепак, немојте да реагирате на критиките од страна на саканата личност. Вашата голема желба да преземете нешто и овојпат ќе ви даде крилја.

Среќен ден: Недела

Риби

Риби

 

 

 

 

 

 

Преокупирани сте со домот и семејството и подготвени сте да се борите до крај. Оние во стабилни врски ќе го обноват еротскиот живот на разни начини. Оние кои сè уште бараат сродна душа ќе бидат многу упорни во додворувањата и ќе одат до крај. Шефовите може да ја сменат својата тактика и ќе затегнат таму каде што најмалку сте се надевале. Ова тешко ќе го поднесете.

Среќен ден: Понеделник

1 2 3

Прегледи:
1023
Објавено на:
07.10.2018