Овен
На луѓето од вашата околина ќе им изгледате повеќе сочувствително и ќе чувствувате поголема емпатија кон оние што се во страдање. Можеби ќе бидете збунети од од она што се случува со вас, па тоа ќе биде причина да барате длабоки одговори на некои прашања. Оние кои се во долга врска ќе добијат силна потреба за интимност, што ќе им донесе многу убави моменти. Оние кои се во потрага по својата сродна душа, би можеле лесно да западнат во искушение на тајна љубовна врска.
Среќен ден: Сабота
Бик
Делувате многу одговорно пред својата околина и не дозволувате да некој го менува вашиот ритам или вашите планови. Имате претчувство дека вашите соработници имаат доволно доверба во вашето знаење или способности. Разубавете го вашиот љубовен живот, потрудете се да делувате доволно занесно и привлечно на саканата личност. Понекогаш треба да се препуштите на ритамот на чувствата без премногу емотивни кочења и предрасуди. Спонтаноста во изразувањето на чувствата ви носи нова љубов.
Среќен ден: Петок
Близнаци
Не дозволувајте некој неправедно да ве критикува или да ги забавува вашите работни резултати потрудете се да ја контролирате вашата суета. Наместо да се натпреварувате и да ги надмудрувате односите со соработниците, применете го својот стил на однесување. Нема потреба по нечие наговорување да навлезете во финансиски или имотен ризик.
Среќен ден: Среда
Рак
Влегувате во фаза кога многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогаш тоа ќе изгледа како да ви се нуди работа од соништата, но бидете реални и внимателни. Сè што не држи вода, оставете го. Останете професионалец. Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност. Ова заладување нема сериозно да го сфатите, ќе го надминувате со хумор и позитивен став. Хуморот во секој случај е здрав, но внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.
Среќен ден: Понеделник