Лав
Обидете се на саканиот да приредите една романтична вечер во почетокот на неделата, бидејќи ѕвездите го бараат тоа од вас. Во вторник внимавајте што зборувате, бидејќи постои голема можност да упаднете во некоја тривијална расправа. Кон крајот на неделата можни се некои позитивни финансиски поместувања.
Среќен ден: Понеделник
Девица
На самиот почеток на неделата комликациите поради лошата комуникација ќе бидат на врвот. Немојте прерано да донесувате заклучоци бидејќи работите можеби не се такви какви што изгледаат и ви се чинат. Покрај тоа, ќе имате сјајна можност да направите некој прифитабилен или корисен професионален договор, при што ќе ви се откријат и нови позитивни идеи. Тркалото на среќата на работата ќе се сврти во ваша корист.
Среќен ден: Недела
Вага
Оваа недела можни се одложувања на некои планови поради различни пречки. Можат да ви се појават фрустрации во врска со организирањето на некоја забава или прослава. Доколку имате состанок со некого, имајте на ум дека не е злато се што сјае. Ќе имате многу повеќе енергија да се псоветите на некои проекти.
Среќен ден: Среда
Скорпија
Оваа недела се можни судири, а влијанието на месечината дополнително ќе ја зголеми тензијата и чувствата и ќе ве наведе претерано да реагирате. Уште повеќе, ќе се чувствувате наострено и ќе имате расправија со некого и тоа кога ќе биде потребно да проголтате некој збор и да се согласите на компромис. Сепак, кон средината на неделата ви пристигнува охрабрување за постоечки проекти или планови.
Скорпија: Четврток