Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (12 НОЕМВРИ – 18 НОЕМВРИ 2018)

Стрелец

Стрелец

Самиот почеток на неделата ќе биде прилично обележен со расправии бидејќи вие и луѓето околу вас ќе бидете изразито чувствителни. Затоа немојте да се инаетите. Искористете ја средината на неделата и нејзините можности да ги проширите своите погледи, посебно ако се однесуваат на вашите креативни способности. Исто така, посветете внимание и на финансиите.

Среќен ден: Сабота

Јарец

Јарец

Обидете се да направите добар распоред и план на почетокот на неделата. Кратки или чести паузи во работата, можат да ви помогнат да избегнете некои непријатности. Средината на неделата ќе биде обележана со доста дружења, што може да биде добра можност за некоја посебна средба или едноставно за одличен провод со друштвото.

Среќен ден: Вторник

Водолија

Водолија

Во понеделник посебно ќе бидете охрабрени да ги покажете вашите чувства и јасно да кажете што мислите. Бидете внимателно да не се изразите кон погрешни луѓе. Подобро прибегнете кон мирољубиви и хармонични решенија отколку да бидете ултимативни и драматични. Подоцна во текот на неделата ќе се освежи вашиот професионален живот, ќе почувствувате налет на позитивна енергија, што ќе ви помогне да ги унапредите вашите цели.

Среќен ден: Петок

Риби

Риби

На почетокот на неделате ќе размисливате малку повеќе за вашиот имиџ и за можноста да го промените. Доколку малку заглавите во однос на тоа прашање или пак имате недостаток на идеи, некоја идеја од пријател може да ви помогне да добиете инспирација за нова фризура или пак облека. Кога финансиите се во прашање, само полека оваа недела, посебно за време на викендот.

Среќен ден: Четврток

1 2 3

Прегледи:
1009
Објавено на:
11.11.2018