- Стрелец
Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата, или занимавањето со спорт.
Среќен ден: Петок
- Јарец
Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување. Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.
Среќен ден: Недела
- Водолија
На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.
Среќен ден: Среда
- Риби
Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.
Среќен ден: Вторник