Лав
Сѐ уште постојат мали задачи кои морате да ги завршите. Во дел од нив, вие ќе ја пропуштите главната работа, бидејќи целите не ви се сосема јасно. Сепак, обидете се да чекорите сигурно со сигурни потези, затоа што навистина немате потреба да се задлабочувате. Нема да постојат многу интересни работи за вас оваа недела, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен.
Среќен ден: Сабота
Девица
Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места.
Среќен ден: Среда
Вага
Можеби сè уште нема да ја видите предноста на новата фаза во која што влегувате, но ќе ја почувствувате. Интуицијата ќе ви биде главен водич во работата во текот на оваа седмица. Ако се двоумите, само застанете и внимателно слушајте го внатрешниот глас. Најмногу ќе ви одговара мир и повлеченост. Многумина времето ќе го поминуваат во сопствениот дом, а ако саканата личност е со нив, уште подобро.
Среќен ден: Четврток
Шкорпија
Ќе ја подобрите својата положба на работното место. Ќе имате повеќе работа, но ќе ги завршувате работите полесно од било кога. Спортистите ќе постигнат одлични резултати. Поминете повеќе време со блиските за да не западнете во депресија. Многумина од вас сепак ќе поминат убави моменти со оние кои им се допаѓаат.
Среќен ден: Вторник
Продолжува на страна: 1 2 3