Лав
Доколку ви е важно да ги остварите своите работно-финасиски цели, потребно е да имате добра концентрација. Нема потреба да ги преценувате личните можности, постојат ситуации во кои доаѓаат до израз вашето знаење и искуство. Доколку ви е важно да се смирите со вашата сакана личност, употребете ги своите “скриени адути“, како би можеле да оставите добар впечаток.
Среќен ден: Вторник
Девица
Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, очекувајте позитивен одек и поддршка од соработниците. Испланирајте различни детали, кои ќе може да влијаат поттикнувачки на околината за подобра соработка. Доколку имате постојан партнер, потребно е да се ослободите од взаемната недоверба или емотивните кочници кои ве спречуваат во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.
Среќен ден: Сабота
Вага
Неопходно е да го добиете потребниот семеен мир или разбирање од партнерот, за да можете да го усогласите својот ритам и психолошката рамнотежа. Сакате да импресионирате некоја драга личност, но бирате необични ситуации и претерувате во изразувањето на своите чувства. Понекогаш, желбата за емотивно да фасцинирате некого, може да донесе и погрешен ефект.
Среќен ден: Петок
Шкорпија
Доколку вашите чувства се пред разумот, тоа дополнително ќе влијае на вашата несигурност, меѓутоа претставува и добар предзнак. Разубавете го својот љубовен живот, бидете заносни и привлечни на својот партнер. Понекогаш треба да се препуштите на ритамот на вашите чувства, без непотребни емотивни кочници и предрасуди. Спонтаноста и изразувањето на чувствата ќе ви донесат нова љубов.
Среќен ден: Понеделник