Стрелец
Ќе имате сила да се изборите за подобра работна позиција и ќе бидете убедливи кон своите соработници. Имате интересни идеи, но потребно е одредено време да околностите се променат во ваша корист. Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување, и покажете поголема дискреција во различните средби и пред новите емотивни предизвици.
Среќен ден: Четврток
Јарец
Важно ќе биде да ги држите работите под ваша контрола, и да се консултирате со вашите соработници. Нема потреба да верувате во интимна среќа која доаѓа изненадно. Често на субјективен начин го проценувате однесувањето на партнерот. Бидете реални во своите емотивни очекувања пред саканата личност.
Среќен ден: Сабота
Водолија
Ве очекуваат бројни обврски и нови договори на работното место. Вашите соработници ви замеруваат и ви сугерираат дека вашите лични интереси секогаш ги ставате на прво место. Потребно е да се прилагодите на различните услови кои водат кој ефикасни резултати. Ќе ви биде особено важно да се наметнете како авторитетна личност во друштво на саканата личност.
Среќен ден: Среда
Риби
Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство. Доколку добиете привлечна понуда за промена на работното место, не се залетувајте и не ги идеализирајте потенцијалните соработници. Раковите во брак или во цврста врска размислуваат за почеток на заеднички проект со партнерот.
Среќен ден: Недела