Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (19 – 25 НОЕМВРИ 2018)

Овен

Овен

Иако луѓето во знакот на oвен се познати по своето шесто сетило, сепак може неделава да бидете во ситуации кајшто ќе се двоумите за многу работи. Затоа, повикајте ги пријателите и раскажете им што ви се случува. Еден добар разговор може да реши сѐ. Подгответе се за шопинг во четврток, бидејќи во петок ве очекува прекрасна вечер.

Бик

Бик

Кажете им здраво на длабоките мисли. Оваа недела ве очекува фаза на патување низ вашата совест. Не оптеретувајте се премногу, наместо тоа фокусирајте се на она што ве очекува во иднината. Пријателите може да ви доделат некој совет, но, вие нема да го прифатите бидејќи ќе бидете премногу горди. Крајот на неделата искористете го за одмор и поминете една вечер со партнерот во опуштена атмосфера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.

Близнаци

Близнаци

Можеби е време да престанете да ги трошите парите без да размислите. Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. За време на викендот партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него. А оние кои не се во врска, можеби сабота ќе биде полн погодок за нив.

Рак

Рак

Забава, забава, забава. Тоа е зборот со кој би можел да се опише неделата која ви претстои. Ќе чувствувате многу енергија во себе, па нема да ви биде проблем секој ден да се забавувате. Тоа и не е така лошо, но внимавајте, не запоставувајте ги и секојдневните обврски и работата. Срамежливоста ќе ја замените со комуникативност, па немојте да се изненадите доколку запознаете некоја нова личност.

1 2 3

Прегледи:
1023
Ознаки:
· ·
Објавено на:
21.11.2018