Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП(19 ФЕВРУАРИ – 25 ФЕВРУАРИ 2018)

Лав

Лав

Наместо неделата да ја започнете мрзеливо во својот кревет, започнете ја со планинарење и вдишување на чист воздух. Тоа ќе го подобри и вашето здравје. Можни се мали несогласувања во семејството, но празниците кои следуваат ќе ви донесат повторно хармонија и внатрешен мир. Доколку присуствувате на некоја забава за време на викендот, внимавајте со алкохолот.

Девица

Девица

Старите пријатели со кои сте загубиле контакт, ќе сакаат средба со вас оваа недела и ќе ви се извинат за грешките во минатото. Ќе се чувствувате малку осамено, но не поради вашата околина, туку поради вашата психичка состојба. Наместо да седите дома и да тагувате, излезете и запознајте нови луѓе. Можно е да започнете врска на далечина, но и сами сте свесни дека таа не секогаш успева.

Вага

Вага

Вашиот плакар освежете го со нова пролетна облека, а старата која веќе не ја користите донирајте ја, за да предизвикате насмевки на оние кои се помалку среќни. Ваш добар пријател ќе ве израдува со среќни вести, кои ќе ја разубават вашата недела. На забавата која ќе присуствувате можеби ќе ја запознаете вашата сродна душа. Зафатените ваги ќе имаат мали несогласувања во врската.

Шкорпија

Шкорпија

Не верувајте на секому. Злите усти ќе сакаат да донесат расправии во вашата врска. Верувајте му на партнерот, тој многу пати има докажано дека треба да имате доверба во него. За поголема релаксација оваа недела, искористете го времето за пиење кафе со старите пријатели и добар трач муабет. Продолжениот викенд искористете го за кратко патување во природа.

 

1 2 3

Прегледи:
918
Објавено на:
18.02.2018