Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20 АВГУСТ – 26 АВГУСТ)

Лав

Лав

На луѓето од вашата околина ќе им изгледате повеќе сочувствително и ќе чувствувате поголема емпатија кон оние што се во страдање. Можеби ќе бидете збунети од од она што се случува со вас, па тоа ќе биде причина да барате длабоки одговори на некои прашања. Оние кои се во долга врска ќе добијат силна потреба за интимност, што ќе им донесе многу убави моменти. Оние кои се во потрага по својата сродна душа, би можеле лесно да западнат во искушение на тајна љубовна врска.

Среќен ден: Понеделник

Девица

 

 

 

 

 

Девица

Ќе ги решавате проблемите без поголеми тешкотии, користејќи го својот талент. На тој начин ќе ги импресионирате и луѓето околу вас. Својата силна енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста која ја сакате. Ќе вложите многу труд со подеднакво важни резултати. Ќе се послужите со оригинални идеи кои можат да ја изненадат другата страна.Но, не се плашете. Сепак, ќе бидете прифатени.

Среќен ден: Вторник

Вага

 

 

 

 

 

Вага

Оваа недела, многумина од вас ќе решат многу важни животни прашања, а тука дефинитивно спаѓа работата, сигурноста и сопствените пари. Без разлика што понекогаш вашето љубовно расположение ќе спласне, во срцето и понатаму ќе бидете задоволни. Можеби нема да има толку атрактивни љубовни прилики, но она што до сега сте го изградиле е гаранција овие денови да ги поминете мирно.

Среќен ден: Недела

Шкорпија

 

 

 

 

 

Шкорпија

Односот со вашите деца ќе биде подобрен, а многумина ќе размислуваат за проширување на семејството. Вашиот креативен потенцијал ќе вибрира и ќе имате желба да учествувате во уметничките проекти. На повидок е нова романса која многу ветува, а покрај тоа многумина од вас ќе заминат на патување. Наеднаш вашите планови за иднината ќе почнат да се менуваат и да стануваат поголеми.

Среќен ден: Четврток

 

1 2 3

Прегледи:
897
Објавено на:
19.08.2018