
Повеќето нови познанства кои ќе ги имате денеска, во склоп со вашата природа, склони кон разновидни контакти, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врски. Некои нови лица ќе ви се чинат веќе на прв поглед интересни за остварување на долготрани односи. Потребно е, сепак, во тие контакти да внесете и одредена доза на претпазливост.
Среќен ден: Понеделник
- Јарец
На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.
Среќен ден: Четврток
- Водолија
Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата состојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите.
Среќен ден: Петок
- Риби
Одредени работи никако да тргнат, а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас сеуште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа.
Среќен ден: Сабота