Овен
Ситуацијата е под контрола. Одлично се чувствувате уживајќи во друштвото на блиските пријатели. Иако работата напредува, тоа не значи дека треба да се опуштате. Добра, разработена организација носи поуспешна и поголема заработка. Внимавате на здравјето многу повеќе од обично. Партнерот постојано го оптоварување со ситници. Надевајте се на големи авантури во областа на љубовта и сексот.
Среќен ден: Недела
Бик
Финансиската ситуација се поправа. Очекувајте прилив на пари поради кои ќе сјаете, комуницирате, но и непланирано и прекумерно ќе ги трошите. Бидејќи е познато дека лесно приоѓате кон пороци, умереноста ќе биде најдоброто решение. Со партнерот се можни брзи страсни мигови. Кој можеше да помисли дека сте толку разгорени?
Среќен ден: Среда
Близнаци
Многу припадници на овој знак започнуваат нов животен циклус и пополека се приспособуваат кон него. Можно е бизнис-патување и финансиска добивка. Се работи за нешта што успешно ги завршувате, но не планирајте ново работно место. Одлично се согласувате со некоја Водолија, иако на прв поглед не изгледа така.
Среќен ден: Петок
Рак
Со доза на оптимизам приоѓате кон работните обврски. Многу Ракови очекуваат јавен настап и унапредување. Финансиската ситуација се подобрува. До петок ќе бидете во фаза на повлеченост и намалено расположение за дружба, но за викендот ќе се променат работите. Ќе бидете отворени за секоја иницијатива, а многу личности ќе паднат на вашиот шарм.
Среќен ден: Вторник