Стрелец
Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина на алкохол или мрсна храна, само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност. Меркур ви дава можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе.
Јарец
Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност. Неделава, Венера ќе ви донесе возбудливи изненадувања, бидете спремни.
Водолија
Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можете да си приуштите и мал шопинг. Обрнете внимание на крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем. Вашиот среќен ден неделава ќе биде петок.
Риби
Времето поминато со саканата личност е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана!