Категории

ПРВАТА ЗГРАДА КОЈА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ГО ПРЕТВОРА ВО ЧИСТ

Нов материјал за изградба може да го направи бетонот попријателски настроен кон природата. „Палацо Италија“, градба која беше претставена на Светската изложба во Милано во 2015 година, е првата зграда изградена од бетон која е создадена за чистење на воздухот.

Фасадата е мешавина од цемент и титан диоксид, а истата го зарботува загадениот воздух и го претвора во безопасен сол кој лесно паѓа од ѕидовите кога врне.

„Палацо Италија“, исто така, консумира 40% помалку енергија отколку секоја друга зграда со истата големина, а не го загадува воздухот.

„Сакавме зградата да биде како организам, како дрво кое го вдишува јаглерод диоксидот и испушта кислрод“, вели архитектот Микел Моле.

Прегледи:
444
Категории:
Технологија
Објавено на:
11.02.2016