Категории

Првиот „Intech Meetup“ во Европа се одржува во Скопје

На 6 декември 2016 година, ќе се одржи „Intech Meetup“, поддржан од ИТ компанијата InPlayer. „Intech Meetup“ се организира за прв пат на нашите простори, а неговата цел е да не запознае со новостите во светот на технологијата, носејќи говорници од странство кои може да ги најдеме на А-листата и луѓе од сферата на ИТ девелопери во Македонија.

Овој дво-часовен настан, со почеток во 18:00 часот, се карактеризира со моќни презентации, остроумни и врвни говорници кои ќе презентираат теми кои се прилично неверојатни, а некои од нив се многу нови во светот на девелоперите. Темите кои ќе бидат опфатени се: „Microservices“, „Microservices communication with Message Queue“, „Interplanetary file system“ и „Formula E“.

Еден од врвните говорници на „Intech Meetup“ е Declan Claufield, Генерален партнер на „Andurance Ventures LLP“, со повеќе од 20 години искуство во областите како: развој на продукти, хардвер, интегрирање на специфичен софтвер, стратегиски анализи, едитирање на дигитално видео, со искуство во повеќе од  10 компании како извршен директор и ко-основач.

Деклан Колфилд

Генерален партнер, Ендуранс Вентурес ЛЛП

Сериски претприемач со богато искуство и големо познавање на медиумската технологија. Неговото професионално искуство започнува со основањето на Камера, Мовота и Старлинг. Инжинерските и коорпоративните позиции кои ги има стекнато во Интел, Епл, Бертелсман, ББС, РТЕ и Универсум се само дел од неговото богато бизнис портфолио.

Од македонската сфера на девелопери ќе ги слушнеме: Филип Димчевски, Потпретеседател на развој во InPlayer, кој ќе ни зборува за микросервисите како стуктура во еден софтвер, а Филип Николовски, Софтверски инженер во InPlayer ќе предава за комуникација меѓу микросервисите.

 Филип Димчевски

Потпретседател на Инжинерскиот сектор, Инплеер

Поранешен професионален гејмер, кој денес ја држи позицијата потпретседател на инжинерскиот сектор во Инплеер. Неговата професионална позадина вклучува неколку е-спорт меѓународни настани и светски првенства во Каунтер Страјк 1.6 Неговите специјалности се иновативно софтверско инжинерство со големо искуство во во делот за монетизација на дигитална содржина и развивање на софтверски решенија.

Филип Николовски

Софтверски инжињер, Инплеер

Во последната година од своите студии на ФИНКИ, започнува со пракса во Инплеер. Неговата жед за учење може да се види преку многуте проекти, од кој е дел во последните две години. Сака да експериментира со нови технологии, програмски јазици и автоматизирање на таскови.

Настанот ќе се одржи во ресторанот МКЦ во Скопје.

Медиумски партнери на Meetup се: it.mk, inovativnost.mk, додека поддршка во организација за „Intech Meetup“ се вклучени: Семос Едукација и Brainster.

Регистрација за Meetup е на располагање во intechmeetup.com

Можете да не следите преку „Intech Meetup“  #intechmeetup хаштагот или на нашата Фејсбук страница: https://facebook.com/InTechMeetUp и Твитер профил: https://twitter.com/InTechMeetUp

Прегледи:
519
Објавено на:
11.11.2016