Категории

Првиот програмер во светот е всушност жена. Која е Ада Лавлејс?

На меѓународниот ден на жената, посветуваме внимание на интелигентни, успешни и храбри жени кои со своите достигнувања се запишани во историјата.

Ада Лавлејс е првиот програмер во светот, која ја напишала првата компјутерска програма дури во далечната 1840-та година. Лавлејс е жена која била брилијантен математичар, што била особена реткост во нејзино време.

Како успеала оваа млада жена да го покаже својот талент во 19 век? Нејзиниот потенцијал може да се препише и на генетиката, поради тоа што Ада е ќерка на познатиот поет Лорд Бајрон и неговата прва жена Ен Изабела Ноел Бајрон. Овој пар биле привилегирани членови на аристократските кругови, и двајцата биле особено надарени и добро образувани.

Има многу различни начини за правење на компјутер, а начинот на работа на сите тие е многу сличен со модерниот компјутер. Денешните компјутери се базирани на машини кои произведуваат резултати на било какви пресметки. Машината која може да биде искористена како симулација на наједноставен компјутер може да прави сѐ што прават и наједноставните компјутери. Бидејќи теоретски наједноставниот компјутер може да направи сѐ што може да направи и модерниот компјутер. Тогаш, секоја ваква машина може да прави пресметки како и модерниот компјутер, игнорирајќи ја меморијата.

Еден таков компјутер постоел во првата половина на 19 век, кој бил дизајниран од Чарлс Бебиџ. Тој бил познат математичар и иноватор во тој период. Чарлс изградил машина која била способна точно да направи повеќе математички пресметки. Машината била направена со цел да се избегнат грешките во пресметките кои ги прават луѓето. Овој компјутер не работел на електрична енергија, туку бил механички. Компјутерот бил составен од 25 000 делови, и тежел 15 тони. Но, никогаш не бил комплетно изграден, туку само половично. Во меѓувреме, Чарлс добил идеја за втора, подобра верзија на машината. Тој не успеал да ја изгради ниту оваа, но ги направил дизајните за машините со кои биле докажани дека функционираат.

 

Откако не успеал да ја изгради втората верзија на машината поради финансиски причини, Бебиџ започнал да дизајнира многу покомплицирана машина која ја нарекол „Аналитички мотор“. Овој изум се програмирал со издупчени картички, многу слично како што биле програмирани раните компјутери, а има докази дека Ада го предложила напредокот. Ова овозможувало секој да прави програми со издупчени картички еднаш и да ги користи програмите постојано.

Машината можела автоматски да ги користи резултатите од претходните пресметки во идните пресметки. Ова и други карактиристики во изградбата ја прават машината изненадувачки слична со начинот на кој работат модерните компјутери. Затоа, Чарлс Бебиџ е познат како „татко на компјутерот“.

Како и претходните изуми, оваа машина не била составена, туку само дизајнирана. Ада Лавлејс била импресионирана од дизајнот на последната машина, и превела еден текст од италијанскиот математичар Луиџи Менебреа кој бил за машината. Потоа го надополнила текстот со свои белешки. Во овие белешки, таа ја вклучила и првата компјутерска програма во светот која би ја искористила машината за да пресмета повеќе Бернулиеви броеви. Подоцна било покажано дека тоа е валиден алгоритам кој би функционирал совршено на Аналитичкиот Мотор. Ада починала девет години подоцна, на возраст од 36 години.

Прегледи:
1820
Објавено на:
08.03.2018