Категории

Првороденото бебе од 1980 го роди првороденото бебе во 2017

Исланѓанката Катрин Гудјонсдотир, која била првото бебе родено во оваа земја во 1980 година, на 1-ви јануари 2017 година, три минути по полноќ, го роди првото бебе на Исланд во оваа година, пишува порталот Visir.

Бабицата која на новогодишната ноќ дежурала во исландската клиника „Селфос“ изјавила дека Катрин родила здраво момченце, тешко 3,5 кгр и долго 51,5 см, со коешто не само што го дели роденденот, туку и „титулата“ првородено бебе во новата година.

За разлика од ногу други земји, првородените бебиња на Исланд не добиваат посебни награди, парични надоместоци ниту подароци, но овој навистина многу редок случај го привлече вниманието на медиумите и надвор од земјата.

Извор: Макфакс
Прегледи:
332
Објавено на:
05.01.2017