Категории

ПРВПАТ ВО ДЕЦЕНИЈАТА – 5 ПЛАНЕТИ ВИДЛИВИ СО ГОЛО ОКО

За прв пат после повеќе од 10 години, ќе имаме можност да видиме необичен феномен – порамнување на Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. 

Порамнувањето започна денес (среда, 20 јануари) и можеше да се види во Велика Британија и Австралија околу еден час пред изгрејсонце, и ќе трае се до крајот на февруари. Астрономите велат дека најдобро ќе може да се види на 5-ти февруари.

Планетите ќе формираат дијагонална линија која би можела да се види со голо око, во зависност од временските услови се разбира.

Венера, Марс, Јупитер и Сатурн можеа да се забележат на небото наутро уште на почетокот на оваа година. Јупитер на север, потоа црвеникавиот Марс, па бледиот Сатурн и на крај Венера која сјаје над источниот хоризонт (од десно кон лево). Појавата на Меркур, кој воедно ќе биде најтежок за да се забележи, го комплетира овој феномен.

За полесно да ги видите и идентификувате планетите, можете да ја искористите Месечината како водич, бидејќи од крајот на јануари таа ќе помине покрај секоја од 5-те планети.

На 28 јаунари ќе се наоѓа веднаш до Јупитер, на 1 и 2 февруари покрај Марс, на 4 февруари поблиску до Сатурн, на 6 февруари покрај Венера и на 7 февруари под Меркур.

Прегледи:
805
Категории:
Занимливости
Објавено на:
20.01.2016