Сигурните и стабилните личности зборуваат вака
Една од главните карактеристики на здравата, стабилна личност е способноста да зборува и да дејствуваат директно. Без лажна скромност, без навестување и нејаснотии – веднаш и директно.
Од друга страна, нестабилната и несигурната личност е принудена да манипулира, да лаже и затајува.
Ова набудување може да се искористи и како детектор за сопствените слабости и тренирање на менталната стабилност.
Секој пат кога ќе ве исплаши директниот пат кон некоја цел, размислете за тоа која болна точка ве спречува да делувате. А, потоа соберете храброст и преземете ризик. Играјте отворено.
Зборувајте јасно, постапувајте разумно!