Категории

Пуштени во продажба билетите за „Murder Ballads“, концерт по повод Денот на вљубените

Следејќи ја традицијата и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените подготвува несекојдневен музички настан.

Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш…, во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин. Како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов (фронтменот на „Фолтин“).

Билетите за концертот по повод Денот на вљубените – „Murder Ballads“, кој ќе се одржи на 14 февруари, ќе бидат пуштени во продажба од денеска. По цена од 800 и 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, односно во сабота од 10 до 14 часот.

Прегледи:
461
Објавено на:
23.01.2018