Категории

Работи кои треба да ги знаете за луѓето родени во знакот Девица

Луѓето родени во знакот Девица се дефинитивно уникатни и посебни. Посветени и предани, тоа се луѓе кои навистина ги сакаат луѓето околу нив, но се луѓе со изградени принципи и правила од кои никогаш не отстапуваат.

Педантни, дисциплинирани и предани на работата, овие знаци секогаш се успешни во тоа што го работат. Тие поседуваат карактеристики кои секој човек кој е во контакт со нив треба да ги знае за да има успешен и добар однос со нив.

Еве што треба да знаете за Девиците пред за започнете врска со нив, без разлика дали е тоа пријателска или љубовна врска.

1. Бидете внимателни, тие се многу чувствителни

Тие знаат колку се чувствителни, па затоа даваат се од себе за да ги контролираат своите чувства. Толку многу ги поттиснуваат чувствата, што најчесто ќе забележите дека нешто не е во ред со нив откако нема да можат веќе да молчат и едоставно ќе пукнат. Многу е важно да им дадете чувство на сигурност како би можеле да се опуштат и да почнат да зборуваат за своите чувства.

2. Се водат по принцип: „Зборувај го тоа што го мислиш, мисли го тоа што го зборуваш“

Девиците не поднесуваат умствени игри и не сакаат претпоставки. Тие сакаат конкретни работи. Ако мораат да се мачат за да дознаат што мислите и чувствувате, ќе ве сметаат за незрели и ќе мислат дека само им го трошите времето. Тие сакаат да бидете искрени, но и сакаат на умешен и смирен начин да им ја соопштувате вистината.

3. Животен принцип им е: „Ред, работа и уште малку ред“

Она што повеќето луѓе го нарекуваат „креативен хаос“, за Девиците е познато како „нежно мачење“. Немојте да се трудите да живеете според нивниот стандард и концепт за ред, затоа што во тоа никако нема да успеете, но барем потрудете се да покажете волја и напор да бидете средени и организирани.

4. Размазете ги Девиците, затоа што тие тоа нема да го направат за себе

Ова е знак кој премногу им дава на другите, а премалку прави за себе. Ако мислите дека тие вам ви поставуваат невозможни стандарди, верувајте, за себе се уште построги. Затоа е важно да ги размазите малку и да бидете добри кон нив, а за возврат тие никогаш нема да го злоупотребат тоа.

5. Не ја потценувајте нивната интуиција

Тие се неверојано интуитиви и затоа не се трудите да ги лажете, затоа што ќе знаат дека нешто не е во ред. Не само што можат да препознаат лага од километар, туку и вистината ја ценат и повеќе од редот (а сите знаеме колку го ценат редот). Добрата страна е тоа што заради нивната интуиција, тие самите ќе започнат разговор, ако мислат дека вам тоа ви е многу тешко.

6. Не ги земајте здраво за готово

Нивната лојално и предаденост е надвор од сите размери. Тие секогаш стојат покрај својот партнер или пријател, без разлика на околностите. Но, ако мисли дека врската и емоциите се еднострани (без разлика дали се работи за пријателство или љубов), Девицата ќе ја прекине таа врска без око да и трепне. А потоа веќе ќе биде доцна за поправање, затоа што Девицата никогаш не носи избрзани и непресметани одлуки.

7. Си го сакаат својот простор

Што и да правите, никако немојте да ги гушите. Тие ја сакаат својата слобода и самотија и не можат да поднесат кога некој е постојано залепен за нив и не ги пушта да мрднат. Најдобар начин како да ги изгубите е да не ги оставате никогаш на мир.

Прегледи:
797
Објавено на:
21.02.2016