Категории

Работи што ги сакаат жените – но никогаш отворено не би ги признале!

Мора да признаете дека понекогаш  сте премногу комплицирани за разбирање, особено во време на „оние денови“ кога сакате сè и не сакате ништо. „Да“ понекогаш значи „не“ и обратно и не е ни чудо што женскиот пол се смета за многу комплициран. Сепак, затоа сте посебни.

Постојат некои работи што им се допаѓаат на повеќето дами, а  кои тие никогаш отворено не би ги признале. Од тоа како некој гледа во вас, до ситуации во кои можете да флертувате слободно, без никакви обврски. Затоа, денес ние ќе ви откриеме неколку од нив, а ваше е дали ќе признаете дали се согласувате со нив или не.

Кога некој ве гледа

 

Ова подразбира „нормални“ и дискретни погледи кои јасно даваат до знаење дека некого сте го заинтригирале со својот изглед. Ова сигурно може да донесе дополнителна доза на доверба која секогаш ви е потребна.

Кога другите жени ви завидуваат

 

Не сакате кога некој ќе погледне во партнерот со кого сте, но во длабочината на вашата душа  се чувствувате пријатно со фактот дека можете да кажеме „Да, овој човек е со мене и тој е само мој“, нели?

Кога мажите флертуваат со вас

Во повеќето ситуации, жените гледаат на флертувањето како на безопасна забавна игра. Насмевката на келнерот, комплиментот од колегата и други слични ситуации ви даваат до знаење дека изгледате привлечно.

Кога мажот не мора да се грижи за своите пари

 

Повеќето се самостални жени кои можат да ја платат сметката во ресторан или да купат нов телефон без никакви ограничувања, но не можете да негирате дека сакате и кога вашиот партнер е финансиски безбеден.

Кога ќе добиете нешто бесплатно

Среќни сте кога ќе добиете нешто бесплатно, без оглед на полот. Бесплатните комплименти или попуст поради „убавината“ се секогаш одличен начин некој да ја истакне вашата убавина.

Кога имате „обожаватели“

 

Колку повеќе од нив – толку подобро. Ова не значи дека сакате да имате романтична врска со сите, туку едноставно нивното внимание ви е доказ дека не само вашиот партнер (ако имате таков) ве смета за привлечни.

Кога е малку старомоден

 

Во модерната ера, лесно е да се заборави на некои од „правилата“ на традиционалниот џентлмен. Отворање на вратата и поместување на столчето во ресторан за да седнете, да ви го придржи палтото или да ви донесе цвеќе на првиот состанок … Ова се само неколку мали работи кои што многу ќе ви значат и ќе ве направат да се чувствувате посебни.