Категории

Работилница на тема: Анксиозноста не е твојот лимит!

Некои луѓе таа состојба би ја опишале како голем камен кој го притиска и имобилизира целото тело. Други би опишале дека над главата чувствуваат голем темен облак чие сивило постојано им го исполнува секојдневието. Трети би рекле дека чувствуваат како да пропаѓаат во огромна црна дупка без дно.

За да ја опишеме анксиозноста навистина постојат многу метафори, кои на сите нас би ни помогнале подобро да ја разбереме. Но луѓето кои што  се соочуваат со оваа состојба велат дека е премногу тешко да се вметнеме во нивната кожа за да ги разбереме, таа е нерастеглива. Сепак, охрабрувачки е фактот дека се поголем број на луѓе се подготвени да разговараат за оваа состојба и јавно да го споделуваат своето искуство. Во изминатите неколку години многу јавни лица како што се Опра Винфри, Ема Стоун и Џенифер Лоренс гласно говорат за нивната борба со анксиозноста со надеж дека нивната приказна ќе помогне во дестигматизацијата на состојбата. Што всушност претставува анксиозност? Како и кога се јавува? Дали таа треба да биде Вашиот лимит?

Информирајте се повеќе на психоедукативната и практична работилница на тема: Анксиозноста не е твојот лимит која што ќе се одржи овој викенд на 11 март (сабота) во Скопје. Пријавувањето е во тек. За повеќе информации кликнете за линкот подолу.

https://www.facebook.com/events/250127912104645/

Прегледи:
539
Објавено на:
07.03.2017