Категории

Рацете на мама лечат

Четири масажи кои му помагаат на бебето кога е настинато

Нежниот допир на мајчините раце му помага на детето да се смири и подобро да се чувствува ако е настинато, тврдат лекарите од клиниката Мејо. Тие препорачуваат масажа на лицето на детето и тврдат дека таа може да ги ублажи или отстрани симптомите на настинката. Најважно е никогаш да не го масирате детето ако во момоментот тоа не му годи или се противи.

1. Фатете ја главата на детето од страна, ставете ги палците на слепоочницата, со јагодиците на прстите благо притискајте ги слепоочниците, а потоа масирајте ги долж линијата која оди во продолжение кон веѓите. Правете мали кругови восмерот на стрелките на часовникот.

2. Почнете во положбата кога палците ви се на ушите на детето, па спуштајте ги рацете (со благо притискање) кон брадата, зафаќајќи ги образите. Повторете го истото движење во обратниот правец – од брадата кон ушите. Најдобро е оваа масажа да ја повторите десет пати.

3. Со палците благо притиснете го делот од лицето помеѓу ноздрите и образите. Влачете ги палците од горе надолу и обратно, преминувајќи преку коските на јагодиците и спуштајќи се до аглите на устата. Повторете десет пати.

4. Повлечете ги нежно образите на детето нагоре, како да сакате да го натерате да се насмее, а потоа одново вратете се до линијата на устата. Повторете десет пати со сосема благо притискање.

И никогаш не масирајте го детето сосила – затоа што нема ефект!

Прегледи:
571
Објавено на:
26.02.2016