Затоа што важи правилото дека сексот продава се, оваа девиза ја усвоил и ланец кафулиња во Сад. „Bikini beans espresso“, е прво кафуле во Аризона каде женскиот персонал носи бикини, пренесува Метро.
Од кога е отворен во 2014 година, работата почна забрзано да се развива, па сопствениците можеа да отворат едно кафуле во градот Темпа, друг во Вашингтон, а потоа и на многу други места.
Меѓутоа, овде нема никакви повреди на женските права, туку како што истакнува менаџментот, тие работат на унапредување на праватана жените.
Како што пишува на нивната веб страна, тие сакаат да ги инспирираат жените да го живеат животот со полна плуќа и тоа само на основ на една посета.,
Сепак овој ланец кафулиња досега се соочувал и со бројни критики.
Непосредно откако е отворено кафулето во Темпа, градоначалникот Колби Гранвил, кој свечено го отвори ова место, на Фејсбук напиша дека го мрази она што го направил.
-Го мразам! Го мразам! Поминав три години предавајќим им на млади девојки со средно училиште, говорејќи да бидат конкурентни во се, а тие сега ќе го видат ова кафуле и ќе помислат дека единствена нивна вредност да бидат предмет на нечија желба, напиша тој.
Девојките во Вашингтон усвоија уште поопуштен стил на облекување, што и не е тешко кога веќе се почнете со носење бикини.
Сопственичката на кафулето е уствари жена
Идејата за работата потекнала од брачниот пар Бен и Реџина Лилс. Парот од Сиетл се преселил во Феникс, каде набрзо се заинтересирале за работа со кафето.
Реџина која и сама работела на припремање на кафе, се чувствувала дека нешто недостасува во заедницата Феникс.
Тоа уствари било место каде се продава кафе, а каде работи исклучиво женски персонал, кој е облечен пооскудно.
Искуствата на девојките
Девојките кои работат во ова кафуле не сметаат дека се експлатирани и доста се задоволни од компанијата во која работат.
Истакнуваат дека нивната Фејсбук страница изобилува со бројни позитивни пораки. Тие исто така често учествуваат во бројни добротворни активности.
Целата оваа работа е уствари добро смислен маркетиншки трик, а според девојките тие не се принудени да направат било што непримерно.
Од нив само се бара да направат стварно добро кафе.