Категории

Рамно кратење на косата е новиот актуелен тренд

Брановидниот ‘лоб’ и ‘боб’ се обележани како моментално нај актуелните фризури а новиот тренд помеѓу нив донесува едноставна и одлична техника за тоа како косата да изгледа поздраво. Кратките фризури во balayage техника и степенасто кратење полека се симнуваат од престолот а на нивно место доаѓаа прецизно рамните врвови. Моментално една од новите популарни техники на кратење која се појави помеѓу познатите стилисти е кратењето со помош на машинка така што ќе добието совршено рамна коса која е неверојатно лесна за одржување а исто така и ја освежува вашата коса и прави да изгледа поздраво и негувано.

Прегледи:
1142
Објавено на:
15.02.2017